Општина Куманово одвои осум милиони денари за зимското одржување на улиците, патиштата, тротоарите и јавно прометните површини во Куманово.
„Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ засега обезбеди 25 тони сол и е подготвено успешно да одговори на работната задача“, информира директорот Сашо Томиќ.
Екипите на зимската служба на претпријатието во текот на вчерашниот ден беа активно ангажирани на терен да извршат растурање на сол по улиците во централното градско подрачје, како и во приградските населби, со цел да се спречи појава на замрзнување и да се обезбеди безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.