Ќе се забрзува протокот на патници на граничните премини за време на сезоната на годишни одмори

Министрите за внатрешни работи и за социјална политика, демографија и млади, Панче Тошковски и Фатмир Лимани вчера на работна средба ја разгледуваа ситуацијата на граничните премини во насока на пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници од двете страни на границите во овој период на зголемена фреквенција на граничните премини заради годишните одмори и посетите на нашите граѓани од дијаспората.

Двајцата министри ги разгледуваа можностите за унапредување и промена на некои од процедурите на границите со цел забрзување на протокот на луѓе и намалување на времето на чекање и на двете страни на границата.

Коментари

коментар(и)