Здружението Еко Акцијаши – Куманово работи на развивање и организирање на граѓански еко-патроли и еко-патроли во основните и средните училишта.
„Нашата цел е да поттикнеме активен однос кон животната средина, да ја развиваме еколошката свест и култура и да придонесеме за создавање одговорни граѓани кои нема да бидат само набљудувачи на еколошките проблеми, туку и активни учесници во нивното решавање. Нашата желба е Куманово да стане град со повисока еколошка свест, поодговорни граѓани и поголема подготвеност за заедничко дејствување. За да го постигнеме тоа, потребна ни е поддршката на сите што можат да придонесат за ширење на оваа идеја, а медиумите се меѓу најважните наши сојузници“, велат од здружението.