Ќе се реконструираат улици во село Пчиња

Општина Куманово објави оглас за избор на економски оператор за реконструкција на улиците „1“ и „2“ во село Пчиња, соопштија денеска од одделението за јавни набавки. Заинтересираните компании треба да поднесат изјави за платени даноци, придонеси, да поседуваат лиценца за вршење на дејноста издадена од Министерството за транспорт и врски и да достават соодветни потврди. Компаниите кои сакаат да учествуваат во тендерската постапка ќе треба да ги достават понудите најдоцна до 3 мај годинава, кога е закажано отворањето на понудите. Избраната компанија ќе мора да ја заврши градежната активност на терен во рок од 90 дена. На почетокот од овој месец заврши изградбата на спортското игралиште во ова село. Игралиштето има ограда, асфалтната подлога поставена тартан подлога, голови и кошеви. Општината инвестираше и 1, 2 милиони денари за адаптација на училишната зграда во село Пчиња во која настава следат 65 ученика.

Коментари

коментар(и)