Ќе се реконструира СОУ „Перо Наков“

Во средното училиште  „Перо Наков” вчера се одржа средба помеѓу претставници од училиштето, Министерството за образование и наука и Секторот за образование при Општина Куманово. Целта на средбата беше потпишување на Договор-Вовед во работа за започнување на реконструкција на ова општинско средно училиште, согласно проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта”. Оваа проектна активност вклучува: реконструкција на енергетска фасада, тоалети за ученици со посебни потреби и дел од надворешна и внатрешна столарија.