ВИДЕО: Акција за закажување бесплатна мамографија на градскиот плоштад
Националното здружение на виши и средни медицински сестри, техничари и акушерки од Куманово денеска на градскиот плоштад организираше акција под мото Информирај се-Заштити се! Дај и црвен картон на болеста! каде што кумановките имаа можност да закажат бесплатна мамографија преку порталот е-здравство, на возраст од 40-69 години кои што најмалку 2 години не направиле ваков преглед.
Воедно беа поделени брошури за самопреглед на дојки како една од најважни превентивни мерки за рано откривање и третман на рак, како и стручни совети за унапредување на репродуктивно здравје на жената.
Акцијата е поддржaна од општина Куманово.