Еуро Колеџ на 13 декември 2025 година организираше свечено доделување на дипломи на последната генерација на дипломирани додипломци и постдипломци при Еуро Колеџ, Куманово. На свеченоста во зградата на општинскиот комитет им беа доделени дипломи на педесетина студенти од деветнаесеттата генерација на дипломци на колеџот.
Поздравувајќи ги студентите и родителите директорот на Еуро Колеџ, г-н Љубиша Петрушевски истакна дека Еуро Колеџ кој влегува во 23-та година од своето постоење е најстарата приватна високообразовна установа во државата која се уште активно работи.
За самиот квалитет и успешноста на оваа институција се произнесе и академскиот тим на Еуро Колеџ па така на пристаните им се обратија проф. д-р. Марјан Младеновски и проф. Фросина Николовска.
Еуро Колеџ на таков начин успешно ја заокружи работата во 2025 година, кога успешно дипломира и нова генерација на дипломци од првиот и од вториот циклус на студии по програмата на Лондон Метрополитен Универзитетот и оствари ново партнерство со Charisma Универзитетот кој е национално акредитиран универзитет од САД. Како круна на сите напори, акредитацискиот совет за високо образование на Република Северна Македонија неодамна ја обнови акредитацијата на Еуро Колеџ за студиите на вториот циклус по бизнис администрација за периодот од 2025 до 2030 година.
Сите овие активности ја потврдуваат успешноста и стабилноста на колеџот како еден од лидерите на приватното образование во државата.