Во Куманово се одржа дводневна обука во рамките на проектот „Прекугранична атрактивност – смарт туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка – Невестино“ кој обединува шест партнери: Општините Ќустендил и Невестино од Бугарија, Центарот за развој на Североисточниот плански регион Куманово, Националната установа Музеј Куманово, Општина Крива Паланка и Трговско-индустриската комора на Ќустендил. Целта е зголемување на прекуграничната туристичка атрактивност, одржлив економски развој и подобрување на туристичката инфраструктура помеѓу двете земји. Проектот се спроведува во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји.