Православните христијани утре ќе го одбележат верскиот празник Задушница во чест на душите на мртвите. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
Во православната црква, празникот Задушница секогаш се паѓа во саботата пред празникот Митровден.
Црквата и свештениците потсетуваат дека на гробиштата не е потребно прекумерно носење храна, туку духовно сеќавање, палење свеќа и молитва за покој на душите.