Државјанин на Република Албанија вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако се обидел да ја премине државната граница со документи на туѓо име. Се работи за лицето Д.Б. (31), од Р. Албанија кое носело патна исправа на име Д.Л.(37), исто така од Албанија. Од МВР соопштуваат дека бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.