Младиот кумановец Алексеј Стојановски,член на ТК „Тумба“го освои завршниот Мастерс турнир во тенис за јуниори до 14 години во организација на Македонската тениска федерација, каде што се натпреваруваа осумте најдобри играчи.
Алексеј заврши прв пред Даријан Пановски од ТК „МТП“ Скопје кој е на 2 место, додека третопласиран е Марин Стефановски од ТК „ИТЦМ“ од Скопје.
Турнирот се одржа во периодот од 26 до 28 октомври годинава, на терените на ТК „МТП“ во Скопје.
– Како клуб уште еднаш му честитаме на нашиот Алексеј за големиот успех и резултат со желби за уште поголеми резултати во иднина, велат од ТК „Тумба“.