42- годишно лице од Сирија било приведено вчера во кумановско, на автопатот Табановце – Куманово.
Според МВР, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода заради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово, по што ќе биде спроведен во Транзитниот центар во Табановце, каде и претходно престојувал.