Алити: Најмногу вработувања има во предизборието, во образованието, локалната самоуправа и здравството

Најмногу вработувања има во предизборието и тоа во образованието, локалната самоуправа и здравството, потврди министерот за информатичко општество и јавна адмистрација, Адмирим Алити, согласувајќи се со една од најголемите забелешки на ЕК – дека со години се ветува, ама ништо не е направено да се намали јавната администрација.

-Департизацијата е феномен во нашето општество и точно е дека најмногу вработувања се случуваат пред избори и тоа во општините, училиштата и во здравството. Тоа, ќе се смени со новите закони. Сепак, треба да се каже дека ние како централна власт директно немаме никакво влијание врз овие посочени сектори. Индиректно, со законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници, се обидуваме да поставиме механизми и инструменти кои ќе им олеснат на институциите да бидат поефикасни во делот на новите вработувања – изјави Алити, пред почетокот на јавната расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030.

Коментари

коментар(и)