Бебе од липковско вчера се затруло со детергент, случајот е пријавен во полицијата.
„На 02.09.2026 во 18:52 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено деветмесечно бебе од липковско село кое било затруено со детергент“, соопштија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Инаку, пред неколку дена двегодишно дете од Куманово заврши во болница поради труење со лекови, а во период од еден месец за неколку мали дечиња беше побарана медицинска помош поради труење со лекови, со инсектициди, со средство за разредување боја, со алкохол и сл.