Бегалец од Затвор Куманово нападнал полицаец при приведувањето

МВР информира дека на 23 јули во 23.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани лишиле од слобода 30-годишен жител на Кочани, кој бил баран поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Куманово.

Според МВР, при приведувањето тој физички нападнал полициски службеник и бил задржан во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а по наредба на Основен суд Кочани лицето е спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна, стои во соопштението.

Коментари

коментар(и)