Цените на бензионот и на дизел горивото од вечерва по полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, додека за денар и половина поевтинува нафтата за домаќинствата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,105 денар за килограм и сега ќе изнесува 36,8 ден/кг. Регулаторната комисија за енергетика потсетува дека трговците на големо и мало можат нафтените деривати да ги продаваат и по пониска цена, но не и по повисока.
