ЦУК: Жената од кумановско се уште не е пронајдена

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција информираше дека се уште не е пронајдена жената за која се претпоставуваше дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане.

– Се уште не. Немаме одговор дали жената е побегната и каде се наоѓа. Ќе почекаме истрагата да го каже последниот збор. Тоа е засега единствената потенцијална жртва. Ние изразуваме сочувство до сопругот и до семејството на жената доколку е почината. Но, некако одвнатре се надеваме дека е жива и дека успеала да побегне од огнената стихија, изјави Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали е жената пронајдена.

Коментари

коментар(и)