Бисера Паскал најдобар голман во прво коло во израелската лига
Голманката Бисера Паскал од Куманово, која сега игра за клубот Херзлиуа, со 16 одбрани и една пресечена топка, според статистиката е најдобар голман во првото коло во првата израелска лига.
Тимот на Паскал настапи против екипата Макаби Ришон, клуб во кој настапува исто македонската голманка Драгана Петковска.
Паскал кариерата ја почна во ЖРК Куманово, каде што освои двојна титула, Женската супер лига на Македонија и Купот на Македонија. Taa е родена во 1996 година во Куманово.