Нова реприза на комедијата „Секс и лаги“

Поради големиот интерес кај публиката, Театар Куманово организира уште една реприза на комедијата „Секс и лаги“.

Претставата ќе се репризира утре во Центарот за култура со почеток во 20 часот. Комедијата која што е работена според текстот на Марк Камолети, а во режија на Драгана Таневска, ја доби наградата за најдобра претстава на Фестивалот „Денови на комедија“.

Во неа играат  Марко Трајковиќ, Жарко Јовановиќ, Анастасија Величковиќ, Александра Михајловска, Нина Максимова и Никица Јанковски.

Коментари

коментар(и)