Промоција на делото „Тиховање, Тихување“

Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Тиховање, Тихување“ од Наташа Радосављевиќ Нара од Србија. Промотор на книгата е Љупка Стојменова.

Авторката е родена во Јагодина, завршила колеџ за ликовна и применета уметност во Белград, кадешто денес живее и работи. Освен во областа на ликовната уметност се занимава и со пишување на поезија.

Член е на Здружението на српски писатели, авторка на неколку книги поезија.

Коментари

коментар(и)