Бисера Паскал со 38 отсто учинок на последниот натпревар

Екипата на голманката Бисера Паскал од Куманово, израелски Херзлиуа славеше над тимот на  Макаби Ришон Лезион, со резултат 29:25, во рамки на 7-то коло. Нејзиниот учинок на овој натпревар е 38 отсто, односно пет од 11 одбрани во првото полувреме и пет од 15 одбрани во второто полувреме. Паскал кариерата ја почна во ЖРК Куманово, каде што освои двојна титула, Женската супер лига на Македонија и Купот на Македонија. Taa е родена во 1996 година во Куманово.

Коментари

коментар(и)