Боксери од Куманово освоија награди на меѓународни турнири

Бајрам Мамутовски  од Боксерски клуб Куманово е прогласен за најдобар боксер на меѓународен турнир во Бујановац. Мамутовски и боксерот Фурхан Јашаровски своите борбени вештини ги демонстрирале во повеќе категории во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција, освојувајќи златен и сребрен медал на меѓународните турнири одржани во Бујановац и Бања Лука. Тие вчера осварија средба со градоначалникот Максим Димитриевски кој истакна дека општина Куманово продолжува да го поддржува неуморниот труд на нашите спортисти, кои редат бројни успеси и значајни резултати.

Коментари

коментар(и)