Болницата доби нов инкубатор

Нов инкубатор за предвремено родени деца денеска доби Одделот за гинекологија и акушерство во Општа болница Куманово. Инкубаторот е донација од Владата на РМ. Со овој инкубатор, велат надлежните , вкупно во болницата  на овој оддел има пет инкубатори.

-Апаратот е нов, софистициран, со сите потребни додатоци кои се потребни да претставуваат адекватна средина за едно предвреме родено бебе, а исто така ќе биде и олеснителна околност за Клиниката за гинекологија и акушерство и Клиниката за педијатрија, оддел за интензивна нега каде што се згрижуваат овие деца, кои по  стабилизирање на состојбата ќе може да бидат вратени во нашата матична установa -изјави Снежана Захариева, в.д. директор на болницата

Инкубаторот е  дониран пред утрешниот  Светски на предвремено родени деца, 17-ти ноември.  Директорката Захариева се надева дека со помошта која ја добиваат од министерството и Владата и  во овој контектст, грижата  за новороденчињата, Македонија веќе нема да биде на врвот на листата на Европа по смртност на новороденчиња.

Инаку, што се однесува до кадровската екипираност, Одделот Гинекологија и акушерство , односно службата неонатологија работи без неонатолог. За предвремено родените деца се грижат педијатри.

-На овој оддел нема неонатолог, откако две докторки си заминале во пензија, а една во приватниот сектор. Доставено е барање до министерствто и ние чекаме и да добиеме нов министер , законската регулатива, што се однесува до завршување на изборите е веќе завршена, така што очекуваме позитивен одговор. Ова е проблем не само во Куманово туку ширум Македонија -изјави Захариева.

На годишно ниво во Куманово се раѓаат околу 1400 деца.

Коментари

коментар(и)