Компанијата „Бучен Козјак“ е една од десетте компании во земјата, која го доби престижното признание „Македонски квалитет 2023“, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори, под покровителство на претседателот на Mакедонија. Компаниите кои го добиваат ова признание поминуваат низ строги критериуми за да се квалификуваат и да ги исполнија условите за квалитет.
Свеченоста се одржа вчера во претседателската резиденција вила Водно, а признанието на директорката на „Бучен Козјак“, Наташа Денковска -Бојковска го додели претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски.
„За нас како компанија ова прeстижно признание значи мотивација да продолжиме и да останеме посветени на квалитетот креирајќи производи кои ќе ги задоволуваат потребите на потрошувачите, но и ќе допринесуваат за поголем економски раст и промоција на домашната економија. Сакам да упатам голема благодарност до сите вработени во компанијата „Бучен Козјак“ со кои неуморно и посветено ги создаваме вкусните млечни производи, но и на нашите потрошувачи кои го препознаа нашиот квалитет и ни дадоа поддршка и доверба сите овие години“, изјави Денковска Бојковска.