На стартот на новата учебна година компанијата Бучен Козјак традиционално подари училишен прибор на голем број ученици.
Во објавата се вели:
-Како дел од нашата традиција, и оваа година Бучен Козјак обезбеди училишен прибор за најмладите, со желба новата учебна година да започне со насмевка, радост и еднакви можности за сите.
Оваа година, училишниот прибор го наменивме за Детскиот дом „11 Октомври“, како и за училишта од руралните средини во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане.
Веруваме дека секоја поддршка, без разлика колку е мала, може да направи голема разлика и да донесе радост таму каде што е најпотребна.
На сите ученици им посакуваме среќен почеток на учебната година, многу успех, знаење и убави моменти во училишните клупи!