Вечерва „Сумљиво лице“ со Милан Васиќ на „Денови на комедија“

Добропознатиот актер Милан Васиќ заедно со останатите колеги од Приштинско народно позориште, вечерва во рамки на фестивалот „Денови на комедија“ ќе ја изведат претставата „Сумљиво лице“.

Станува збор за дело работено по текстот на Бранислав Нушиќ, а во режија на Милан Нешковиќ.

Покрај Васиќ во салата на Центарот за култура, ќе настапат Игор Дамњановиќ, Александра Цуциќ, Тамара Томановиќ, Аника Грујиќ, Бранко Бабовиќ, Никола Ѓорѓевиќ, Александар Михаиловиќ, Зоран Мијатовиќ, Ивица Јевтиќ, Бранко Јаниќиевиќ, Урош Антонијевиќ.

Претставата започна во 20 часот!