Низа спортски активности за „11-ти Октомври“

Општинскиот сојуз на спортови на Куманово, традиционално по повод празникот 11-ти Октомври, заедно со своите членки, организира низа спортски манифестации.

Од 8-ми до 10ти октомври ќе се одржи Турнир во тенис (Отворено првенство) за деца до 14 години, на тениските терени кај Спортска сала. На 08-ми сабота е Меѓународен Атлетски митинг, на Атлетски полигон Соколана, со почеток од 10:30 часот. Ќе има натпревар за деца до 14 години, семејна штафета и официјална програма.

Ден подоцна, во недела, ќе се одржи Меѓународен Куп 11-ти Октомври во Спортско риболовство, на Езеро Гоого-Монт, со почеток од 7 часот. Со што клубот воедно прославува и јубилеј од 70 години постоење.

Во недела Здружението „Козјак“ ќе го реализира својот 24-ти Меморијален марш Појак Калман на релација Степанце – Врв Китка и обратно. Истиот ден ќе се одржи и Турнир во одбојка во женска конкуренција, во спортска сала на ООУ „Христијан Карпош“ со почеток од 12 часот.

На 11-ти (вторник) ќе се одржи Турнир во ракомет, во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, со почеток од 10 часот. – Истиот ден ќе се одржи и Турнир во пинг-понг, во сала на Гимазија „Гоце Делчев“, со почеток во 10.30 часот. Во вторник исто така на распоред е и Велосипедска трка „ТРОФЕЈ 11-ти Октомври“, кружна трка со старт кај Спортска сала – Октомвриска револуција и Трета „МУБ“, со почеток во 12 часот, а од 11 часот ќе започне училишната трка час.

Во меѓувреме ќе се одржи и Аикидо семинар, во сала на Аикидо клуб Агатсу на ул. „Моша Пијаде“ бр.61 Куманово, со почеток од 19 часот.

– На 13-ти, четврток ќе се одржи манифестацијата „На партија Шах„ – Меѓународен турнир со големи мајстори, пред НУЦК „Трајко Прокопиев“ со почеток во 17:00 часот, а во 13 часот ќе се одржи Брзопотезен турнир во просториите на клубот.

 

Коментари

коментар(и)