(ВИДЕО) Андоновски: Итна и целосна гасификација на Куманово

-Во време кога капиталот на домашниот и меѓународниот финансиски пазар е евтин поради големата понуда и малата побарувачка, со успешно проектиран биланс на успех, на располагање се повеќе алтернативни извори за финансирање на нашиот проект за гасификација на Куманово. Во нашата програма „Најдоброто за Куманово“ во мандатниот период од 2021 до 2025 година,  со изнаоѓање на најоптималниот извор на финансирање, предвидуваме итна и целосна гасификација на Куманово, вклучително и на индустриските зони. Бенефитите од реализација на овој капитален и значаен проект се многубројни и помагаат нашите кумановски фирми да бидат поконкурентни на домашниот и меѓународниот пазар.

Користењето на гас како енергент овозможува заштеда на финансиски средства и енергија. Тоа пак придонесува да се зголеми рентабилноста на стопанството и пренасочување на средствата во нови инвестиции.

Дополнително, овој евтин енергенс, за кој се залагаме да биде масовно достапен, ќе придонесе во Куманово да се зголемат домашните и странските инвестиции. Гасификацијата на домовите заради нивно затоплување, исто така, значително им ги намалува трошоците на домаќинствата и овозможува да останат повеќе пари во семејните буџети на нашите сограѓани.

Но, не треба да го заборавиме и фактот дека гасот е еколошки енергенс. Тоа, од своја страна, несомнено ќе придонесе за почист и поквалитетен воздух во нашата општина и град.

Да го направиме Куманово европски град. Да направиме добар избор за најдоброто за нашата Општина. Да заокружиме број 12, рече Миле Андоновски, кандидат за член на Совет на Општина Куманово од коалицијата предводена од СДСМ.

Коментари

коментар(и)