(ВИДЕО) Димитровска: Култура за сите преку проектот „Осветли го Куманово“

-Вчера бев спречена да учествувам на телевизиско соочување со другите кандидати за градоначалници. Затоа ви благодарам што денес дојдовте и ја направивме оваа прес-конференција на која што можеме да продолжиме да ги претставиме нашите политики и нашите мерки кои што ги предвидовме во нашата програма, конкретно за Куманово.

Куманово беше град кој беше познат по насмевката и по весели луѓе. Некако како културата и културниот живот во Куманово да се изгуби. Живееме постојано во сивило. Затоа ние во нашата програма предвидуваме со насловот „Осветли го Куманово“ најпрвин да се сменат сите светилки во Куманово за градот да живне, а потоа на секоја од улиците да се ставаат свирачи, пејачи, пантомима, како и други глумци и уметници кои што ќе сакаат градот да го живнат и повторно градот да ја врати својата слика на весел град како што досега беше. Исто така, во нашата програма е предвидено и градење на Саат кула како вистинско обележје на градот, а во неа сместување на туристичко биро кое што ќе биде место каде што туристите ќе можат да се обратат и да ги видат сите културни и историски знаменитости на градот. Во нашата програма предвидуваме и организирање на Бела ноќ, односно месец на Белата ноќ во Куманово. Како значајно за нас е киното за сите. Предвидуваме отворање на кино на отворено кај споменик- Костурница со што младите во летните денови, но и сите граѓани ќе можат да отидат и таму да си ги поминуваат деновите, рече Теодора Димитровска, кандидат за градоначалник на Општина Куманово од коалицијата на ЛДП -ДОМ „ Одлучно за промени – приклучи се“.

Коментари

коментар(и)