Земјоделците од кумановските општини поднесуваат апликации за финансиска поддршка од програмата за спроведување на интервентниот фонд, соопштија денеска надлежните од регионалното одделение на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Барањата за финансиска поддршка за вештачки ѓубриња ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година, а барањата за несилки до 30 април годинава.