(ВИДЕО)Наковски и Бермета- најборбен пар на турнирот во Бујановац

Кумановскиот боксер Филип Наковски и повеќекратниот шампион Албан Бермета се прогласени за најборбен пар на турнирот што се одржа деновиве во Бујановац, Република Србија. Наковски имаше силен противник, но прикажа одлична борба.  Иако загуби, Филип е задоволен од својот резултат.

-Се најдов во силна конкуренција, тежок противник, двајца противници му откажале и во последен момент јас прифатив. Иако не бев баш во најдобра кондиција сепак прифатив и борбата беше одлична, напорна и тешка, но се боревме одлично. Изгубив поради недоволна подготвеност, но прикажав добра борба и задоволен сум од тоа што покажав и постигнав. Тренирам секој ден, но не бев баш во оптимална форма. Имав четири дена да размислам и ја прифатив борбата. Тренирам заедно со другарите, индивидуално, нема сала, нема клуб моментално во Куманово, ние нешто импровизираме со тренинзи, тренираме еднаш дневно. Боксот спаѓа во најтешка категорија на спортови, еден од посериозните спортови и би им препорачал на сите млади да се бават со бокс, не мора да се натпреваруваат, туку заради самоконтрола, самодоверба, самоодбрана, да се изградат во вистински личности, изјави Филип Наковски, боксер

Наковски се надева дека во скоро време ќе учествува во некоја нова борба, за која секојдневно се подготвува.

 

Коментари

коментар(и)