(ВИДЕО)Продолжува субвенционирањето на трошоците за комунални услуги
И годинава продолжува субвенционирањето на трошоци за комунални услуги наменето за социјално ранливи категории граѓани. Општина Куманово денеска ги повика граѓаните да поднесат барање за остварување на ова право. Субвенционирањето на комуналните трошоци, односно за потрошена вода и изнесување на смет по семејство изнесува 1.200 денари, информираат надлежните. Ова право множе да го остварат неколку категории на граѓани:
-самохрани родители кои живеат на територија на Општина Куманово, што подразбира родители кои сами ги извршуваат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности (до 18 годишна возраст на детето или до 26 годишна возраст доколку се образува), како и самохрани родители на деца со попреченост до 26 годишна возраст;
-стечајни работници кои живеат на територија на општина Куманово и се евидентирани на соодветна листа на Здружението на стечајни работници и акционери УНИТ 1 од Општина Куманово;
-згрижувачки семејства кои имаат згрижено едно или повеќе деца без родители или без родителска грижа;
-лица кои до 18- годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателство, а најмногу до 26 годишна возраст;
-надоместок заради попреченост – лица кои живеат на територија на Општина Куманово со 26 години возраст, најдоцна до 65 години возраст, односто тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице;
-лица корисници на право на социјална сигурност на старите лица, односно лице со навршени 65 години возраст;
-лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени, изјави Цоки Ристовски, раководител на Одделение за култура, спорт и социјална заштита.
Барањата можат да се подигаат од 17 до 28 јануари 2022 година во архивата на Општина Куманово и на портирницата во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион, каде што се наоѓа Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.
-Сакам да ги информирам граѓаните дека оваа година субвенционирањето за трошоци за комунални услуги ќе изнесува 1.200 денари по семејство, од кои што 900 денари ќе бидат наменети за користењето на вода, а 300 денари за изнесувањето на комунален смет. За оваа цел граѓаните на општина Куманово по поднесувањето на барањето со потребните документи треба да ги достават најдоцна до 28 јануари 2022 година за да можат да ги остварат своите права. За дополнителните информации за остварување на ова право може да се информираат на веб сајтот на општината на кој ќе биде објавено соопштението денеска или други информации може да добијат во Одделението за социјална заштита или на телефонскиот број 075 /323 -365 од 08 до 16 часот, изјави Ристовски.
Барањата со потребната документација се доставуваат до архива на Општина Куманово, најдоцна до 28.01.2022 година.