– На 10.01.2022 во 07.30 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Пчиња на место викано „Менкова колиба“, патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(24) од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, во несреќата К.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.