the drop of blood on broken heart made of pure white cubes of sugar isolated on blue background, World diabetes day, November 14
Под мотото „Соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија-дејствуваме пред да стане непоправливо“ денеска Сојузот на здруженија на дијабетичари го одбележува 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот. Немање континуитет во достапноста на современа терапија, пристап до медицински помагала за мониторинг на гликемијата, како и недостаток од континуирана и структурна едукација, се предизвиците со кои се соочуваат пациентите болни од дијабетес. Во Куманово, во организација на Центарот за дијабет, а во соработка со здравствената струка од средното училиште „Наце Буѓони“ , светскиот ден се одбележува со акција за мерење на шеќер во крвта кај средношколците.