(ВИДЕО)Сообраќајна едукација на децата од предучилишна возраст во градинката „Ангел Шајче“

Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот деновиве вршат сообраќајна едукација на дечињата од предучилишна возраст во објектите на градинката „Ангел Шајче“. Идните првоодделенци преку едукативните предавања, но и практичниот дел на терен заедно со полициските службеници ќе се стекнат со знаење за основните сообраќајни правила и прописи и сообраќајно однесување на децата во севкупното движење, другарување, игри за сигурно и безбедно детство.

– Оваа година планиравме повеќе активности меѓу кои првично едукативниот дел, со секоја група од градинките, согласно протоколите и мерките за заштита кои се на сила во овој период, во помали групи на дечиња, во сите седум клона. Понатаму ќе следуваат практични движења на терен, на пешачки и семафор, во придружба на полициски службеници и учење за сообраќајните правила и прописи. Ќе има внатре во градинките натпреварувања за избор на тим и меѓу сите клонови согласно возраста на децата ќе има награди за сето тоа и крајот да го завршиме со возење на велосипеди. Едниот дел е меѓу самите градинки возење на велосипед на соодветно место и избор на најдобри и помеѓу самите клонови и градинки во полициска придружба возење на велосипеди. Во овој проект во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Куманово обезбедивме за секое дете учесник чаша за млеко со мотиви дизајнирани од областа на сообраќајот, за секој клон 30 флуоресцентни елечиња кога самите ќе имаат настава надвор од објектот за безбедно движење на дечињата и соодветни награди за натпреварувања согласно возраста на децата за запознавање на сообраќајни правила и прописи, а всушност целта е од помала возраст градење на сообраќајна култура и учење дека сообраќајните правила и прописи треба да се почитуваат за безбедност на сите, а воедно градење доверба меѓу полициските службеници како пријатели и луѓе кои се грижат за безбедност и заштита на деца во сите сегменти на секојдневното живеење, изјави Виолета Богдановска, Отсек за превенција

„Иако дечињата имаат основни познавања од областа на сообраќајните правила и прописи, соработката со Секторот за внатрешни работи и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот секогаш е добредојдена , особено кога станува збор за практичниот дел од сообраќајната едукација“, вели одговорната воспитувачка на објектот „Детелинка“, Верица Митровска.

-Соработката е повеќегодишна, дечињата се запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, како што се движење по тротоар,  поминување улица, тоа го гледаат секојдневно и во приказните што ги гледаат во градинка, но им недостасува теренскиот дел, значи да излезат надвор од градинка и да научат правилно да се движат и затоа ја поздравувам активноста на СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност  што обезбеди и теренска настава, изјави Верица Митровска, одговорен воспитувач на објект „Детелинка“

Со едукативни активности, Отсекот за превенција и Општинскиот совет за безбедност деновиве ќе продолжат и во остаантите објекти / клонови на градинката „Ангел Шајче”.

Коментари

коментар(и)