Службата за трансфузиона медицина располага со доволен број на крвни единици, соопштија денеска надлежните од кумановската служба. Задоволува бројот на крводарители од поширокиот кумановски регион. Во последните три години и сега, бројката на крводарители кои даруваат крв два пати во текот на неделава на годишно ниво изнесува околу 1.200, информираат надлежните.