Основци и средношколци од Куманово заедно со своите наставници по ликовно образование денеска своите креативни идеи за новогодишно украсување на градот ги реализираа практично на градскиот плоштад. Станува збор за рачно изработени украси од рециклирачки и еколошки материјали кои ќе придонесат да се почувствува предновогодишната атмофера во Куманово, со оглед на тоа што општина Куманово годинава предвидените средства за украсување ги пренамени за фотоволтаични панели на градскиот базен. Декорирањето на градскиот плоштад е на иницијатива на претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.
-Денеска учествуваат 18 училишта, од кои 4 средни од македонски и албански паралелки, а останатите се основни од целата површина на град Куманово. Средствата ќе се пренаменат за сончеви панели на градскиот базен. Пред да донесеме одлука го направивме ова затоа што мислиме дека е пракрасна иницијатива од граѓани за граѓани односно од нашите ученици за да можат да се израдуваат. Јас знам дека ова е аматерски, ама знам дека ги исполнува ова. Секој ученик да си ја најде својата творба овдека е нешто прекрасно, а мислам дека и најмалите ќе уживаат во вакво нешто. За професионално уредување знам дека ќе биде следната година, ама во енергетска криза мислам дека одлуката е прифатлива и мислам дека за сите е добра, изјави Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Советот на општина Куманово

Според наставникот Александар Стефановски, денешната активност е можност да се покаже дека и со изработки од пластика може да се долови предновогодишниот амбиент.
-Да се приклучивме сите основни школи дури и средни училишта имаат учество земено. Се работи за китење на градот со еколошки материјали и да покажеме ентузијазам дека може и со пластика да изгледа интересно и со изработки од рачињата на нашите ученици за градот да биде поубав и поукрасен за оваа нова година. Изработките се претежно од пластика за да покажеме дека можеме и еколошки да се изразиме, изјави Александар Стефановски, наставник по ликовно образование
И минатата година Куманово беше без новогодишно украсување поради пандемијата предизвикана од Ковид кризата, а средствата беа пренаменети за набавка на таблети за следење на оналјн настава на учениците. За дочекот на 2021 беа поставени скромни украси и старата новогодишна елка.
