Компанија Дрекслмајер подари новогодишни пакетчиња на децата од кумановската градинка. Околу 300 деца од клоновите „Детелинка“ , „Кокиче“ и „Сонце“ од Куманово, како и клонот „Изворче„ од Старо Нагоричане добија новогодишен подарок. Најмалите се тие коишто најмногу ја чувствуваат магијата на празниците и најмногу му се радуваат на Дедо Мраз. Како и секоја година, така и оваа компанијата им подготви слатки задоволства на дечињата покажувајќи дека среќата којашто се споделува станува уште поголема.
Децата искрено се израдуваа на новогодишните подароци, а воспитувачките искажаа голема благодарност до Дрекслмајер.
„Децата се многу среќни кога добиваат подароци. Преку подарувањето ги учиме дека покрај за себе, треба да се грижат и за останатите. Би сакалада искажам голема благодарност до Дрекслмајер, затоа што како и многу пати до сега покажа дека е општествено одговорна компанија која мисли дури и на најмалите“, рече Марина Алексовска, директор на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово.
Доследно следејќи ја стратегијата за општествена одговорност, Дрекслмајер заедно со своите вработени ќе продолжи да иницира и да реализира проекти и активности во знак на поддршка на заедницата во која делува.