(ВИДЕО)Училишниот спортски клуб „Крсте Мисирков“ препознаен во Европа

Училишниот спортски клуб „ Крсте Мисирков“ под мотото „Sport, Health & Fun – For Everyone” е единствениот во државата препознаен како еден од 27 најдобри практики во Европа за „Здрави и Физички Активни Училишта“ (HEPAS).

HEPAS е европски проект во кој се вклучени 30 училишта кои што работат на активна промоција на здрави и физички активни училишта, а автори на програмата се Европската федерација на спортски педагози, Интернационалната федерација за спорт и култура, Универзитетот во Луксембург и Универзитетот во Љубљана- факултетот за спорт, односно еминентни институции кои што работат во оваа област. Овие училишни клубови промовираат вистински вредности за  физички активни ученици, едукација за потреба од физичка активност, здрав начин на живот, забавен и натпреварувачки училишен спорт.

-Ова препознавање или наша промоција како еден од најдобрите училишни клубови во Европа, еден од нашата држава е во четири области, односно сегменти, физичко образование -квалитетна работа во реализација на програмата и едукација на наставниците, вториот дел е физички активни училишта- знаете дека ние учествуваме во ден без автомобили, ден без лифтови,  училишни спортски денови, забавен спорт, Европска недела ја одбележуваме, секогаш сме организатори и учесници активни, третиот дел каде што добивме највисоки бодови е во училишниот спорт бидејќи во натпреварувачкиот дел имаме успешни резултати на ниво на државата, а имаме и учество на интернационални односно светските првенства во атлетика, а од друга страна работиме и во забавниот училишен спорт кој уште пред да влезе наставата со професор по физичко до петто одделение, ние веќе тоа го промовиравме пред седум години колку што постоиме. И последното нешто е четвртата област, промоција на здрав начин на живот  односно веќе тука работиме на едукација на дечиња за здрава храна, здрави животни навики, одмор, психо-социјално поле, значи да се задоволни од физичката активност и другарувања и така, тие овој клуб самите го пронајдоа, мислам од нашата веб страна, нашата социјална мрежа на ФБ каде што ги промовираме нашите активности, ние сме всушност извлечени од тој круг, не сме некои што сме се наметнале за оваа награда што е особено значајно за нас. Ова признание ќе ни послужи т.е тие ќе не номинираат за награда за движечки училишта која се доделува на три нивоа, бронзено, сребрено и златно, се надеваме дека ќе бидеме во едно од трите, а сигурно дека очекуваме да бидеме во највисокото, златно ниво, изјави Југослав Спасиќ, Училишен спортски клуб „Крсте Мисирков“

УСК „Крсте Мисирков“ Куманово е прв училишен спортски клуб во општината кој активно функционира седум години.

 

Коментари

коментар(и)