ВИДЕО: Аикидо клуб „Агатсу“ одбележа јубилеј – 20 години постоење
Аикидо клубот „Агатсу“ од Куманово со дводневен семинар и промоција на традиционалната јапонска боречка вештина аикидо одбележа 20 години од своето постоење. На спортската манифестција учествуваа околу 100 учесници, со нивни тренери/сенсеи, од повеќе клубови од Македонија и Србија, кои што пред присутните се претставија во неколку категории.
Семинарот е реализиран со поддршка на Општинскиот сојуз на спортови Куманово -ОССК и Општината, како дел од Програмата за спортски манифестации за 2025 година.
Аикидо клубот „Агатсу“ од Куманово соработува со Срската Аикидо Федерација (САФ) уште од пред своето основање и преку неа ги одржува своите семинари и испити во клубот.
Инаку, името „Аикидо“, официјално е усвоено во 1942 година, кога јапонските официјални органи (Dai Nippon Butoku Kai) го признале како такво.
Аикидото се практикува во Македонија 1989 година, а се изучува во неколку клубови во Скопје, Битола, Охрид и Куманово.
Техниките на аикидото содржат удари, фрлања и лостови, всушност сѐ она што би се користело во борба со голи раце. Она што тие техники ги прави специфични, е токму принципот на ускладување и движењата кои се користат да го пренасочат и неутрализираат напаѓачот. Се одликуваат со широки и постојани, континуирани движења.
Видеото со изјавите од Иван Скрчевски и Ненад Скрчевски, претседател на Аикидо клуб „Агатсу“ Куманово, како и Његош Ѓаковиќ , сенсеи од Р. Србија, веднаш по вестите во 18 часот.