Над сто и седумдесет мотоциклисти се казнети на подрачјето на Куманово од почетокот на годинава, информираше денеска портпаролката на Секторот за внатрешни работи Ивана Младеновска.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да се однесуваат совесно и одговорно, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што придонесуваат да се зголеми безбедноста во сообраќајот.