Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера во 15.30 часот 47-годишна жителка на село Биљановце, кумановско пријавила во полицијата дека од домот се оддалечила нејзина штитеничка на возраст од 17 години од Кочани, која што и претходно се оддалечувала и била враќана.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија надлежните.