ВИДЕО: Александра Јанева со нов летен хит, „Утрото ќе промени се“, на песната работеше и Тајзи

Доволно храбра да наметне нови стандарди и доволно своја и автентична да влијае на прогресот и трансформацијата на поп кулутрата кај нас. Таа дефинитивно е еден од најталентираните и најуникатните женски вокали што некогаш се појавиле на македонската музичка сцена. Нејзиното име е Александра Јанева и токму таа, на јавноста и го претставува новото музичко парче насловено „Утрото ќе промени се“, а со својот глас и чиста емоција и овој пат никого не остава рамнодушен.

– Оваа песна беше затворена во фиока повеќе од една година, го чекавме вистинскиот момент за да ја објавиме и еве конечно дојде. Секој стих од мојата музика е вистинска приказна. „Утрото ќе промени се“ зборува за тоа дека понекогаш е подобро да кажете не и да кажете доста е, затоа што тоа е половина здравје. Ми требаше многу време и храброст да научам да кажам не и да се борам за она што е добро за мене. Затоа што кога ќе го научите тоа, ќе ви биде многу полесно во животот. Барем мене ми е, вели Александра.

И за овој проект Александра работеше со одбрана екипа, па зад текстот се потпишуваат Драган Величковиќ – Тајзи и Лазар Цветкоски, музиката е на Александра и Лазе, а видеозаписот е дело на Горан Симјаноски.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ НОВИОТ ХИТ!

Коментари

коментар(и)