(ВИДЕО) Амбасадорот на Руската федерација во посета на општината

Изучувањето на рускиот јазик во кумановските училишта, воспоставената пракса за дополнителна едукација и доусовршување на високото образование на нашите студенти, продлабочување на економската соработка, но и отворање можности за нови соработки во областа на земјоделството се дел од темите на кои разговараа денеска градоначалникот Максим Димитриевски и амбасадорот на Руската федерација во Македонија Сергеј Александрович Баздникин, на средбата во општина Куманово.

„ Русија секогаш била и останува посветен пријател на вашата земја, ние сме подготвени за конструктивна и взаемно корисна соработка до тој степен и во оние области за кои се спремни двете страни“, рече на денешната прес-конференција рускиот амбасадор.

Повеќе во видеото.

 

Коментари

коментар(и)