ВИДЕО: Арсиќ: СДСМ Куманово започнува со теренски активности

Општинската организација на СДСМ Куманово денеска на прес-конференција претстави дел од новото партиско раководство избрано од Извршниот одбор на првата работна седница. Воедно, претседателот на општинската организација на партијата, Александар Арсиќ ги најави и првите теренски активности „Рамо до рамо со граѓаните до победа” во Куманово.

-По изборот на новото партиско раководство, Извршниот одбор на општинскатаорганизација на СДСМ Куманово ја одржа својата прва работна седница, и ги донесе следниве одлуки за избор на: секретар на партијата – Весна Трајковска, директор на Државното средно училиште, регионален центар „Киро Бурназ“ Куманово, организационен секретар – Виктор Божурски, вработен во општина Куманово во Фондацијата за спорт и култура, портпарол на партијата – Александар Митрички, дипломиран музички педагог, вработен во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, претседател на надзорниот одбор – Драган Петровски, адвокат.

Во оваа прилика би сакале да ја информираме јавноста дека ОО на СДСМ Куманово се приклучува на теренските активности „Рамо до рамо со граѓаните до победа”. Сиот наш партиски потенцијал, нашите раководства, пратеници, советници, одговорни претставници ќе бидат помеѓу граѓаните, за да го слушнеме гласот на нашите сограѓани и да поразговараме за се онаа што им е важно. Сите заедно, рамо до рамо, ќе посетиме вкупно 28 месни заедници, населени места и урбани заедници. Со првата теренска активност започнуваме на 25 мај, во 18 часот, кога ќе бидеме помеѓу жителите на „Трета македонска ударна бригада“ и во 19. 15 часот кога ќе поразговараме со жителите на месната заедница Перо Чичо. Говорници ќе бидат Оливер Спасовски и Сања Лукаревска, рече Арсиќ.

„Доаѓаме со добра мисла и мотив за напредок и подобро утре, доаѓаме за да ве слушнеме, да ви дадеме отчет за сработеното, но и да ви кажеме што следува во иднина, внимателно ќе слушаме и внимателно ќе зборуваме, рече Арсиќ .

– Социјалдемократскиот сојуз до сега докажа дека е државничка партија која заедно со граѓаните во тешки моменти успеа да ја одржи економијата и напредокот по вистинскиот, по европскиот пат. Најтешкиот дел од кризата помина, но се уште постојат предизвици за сите нас. Затоа, потребна е сплотеност, заедништво и мобилизација, рамо до рамо, еден со друг, сите заедно, за да оствариме една заедничка победа во оваа борба за подобра иднина, рече Арсиќ.

На конференцијата која што се одржа на 12-ти мај годинава на предлог на претседателот Арсиќ, изгласани се 18 членови на Извршниот одбор и петмина во Надзорниот одбор.

Коментари

коментар(и)