Занаетчиската комора на Македонија, со поддршка на Министерство за економија, преку проект за промоција на занаетчиството и зајакнување на соработката со партнерите неодамна организираше форум на тема „Занаетчиството како важен дел на економијата и неговата визија за создавање на квалификувана работна сила во Република Северна Македонија“. На форумот учествуваа претставници од министерства, од локалната самоуправа, коморите, од центaрот за стручно образование и обука на меѓународно и национално ниво, како и представници од ЕУ, вклучени во процесот на креирање на политиките за пазарно-ориентирано стручно образование и обука.