(ВИДЕО) Вечер на виното, музиката и вкусна храна

Квалитетно вино, вкусна храна и добра музика, се на едно место на синоќешната празнична вечер посветена на Свети Трифун. Во организација на меснaта индустрија Гроздановски, винаријата БилаЗора и ресторан Палас, присутните имаа можност да дегустираат од широкиот асортиман на сувомесни производи и вино во пријатна атмосфера исполнета со музиката на групата Акустико од Куманово.

-Денеска е многу убав ден поврзан со виното и ние како производители на храна се вклучивме во оваа организација за да ги презентираме нашите производи во најдобро светло, секогаш храната и виното оделе заедно. На овој настан се поканети повеќе наши соработници, бизнисмени, градоначалникот, дел од работниците кои се одговорни на клучни работни места во месната индустрија и други гости кои се гости на нашите соработници, изјави Дејан Гроздановски, управител на месна индустрија Гроздановски ДООЕЛ Куманово

Пријатно изненадени од интересот за празничната вечер во чест на виното, организаторите се надеваат дека настанот ќе стане традиционален.

 

Коментари

коментар(и)