(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Гледаме само депонии и неуредени површини
Создавање на пешачка зона од основното училиште „Браќа Миладиновци“, до крајот на „Ленинова“, изградба на нови катни гаражи, спојување на двата плоштади и зелен простор, е дел од програмата на коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешната прес конференција Милан Давидовиќ.
-Центарот на Куманово, е слика и прилика за тоа како СДСМ 30 години управувува со општината. Како и повеќето места во Куманово, централното градско подрачје, воопшто го нема сјајот и изгледот на една модерна општина. Како резултат на децениското неработење и неодговорноста на локалната власт секаде околу нас можеме да видиме слики од депонии, неуредени и нечисти површини, згради со распаднати фасади, недостиг на функционален простор за непречено движење на граѓаните и многу други проблеми и недостатоци кои со години не се решаваат-истакна Давидовиќ.
Програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува и ставање на нови енергетско-ефикасни фасади на институцииите и станбените згради. Од партијата ги повикаа граѓаните да излезат масовно и да дадат поддршка на нивниот кандидат за градоначалник и советничката листа.