ВИДЕО: Ефтимовски: Не може град на индустрија да стагнира

Неприфатливо е град на индустрија, економски да стагнира, не се поддржуваат малите и средни бизни, занаетчиите, селските стопанства. Поддршка за локалната економија како да не постои. Руралните средини се заборавени, истакна носителот на советничката листа на ЛДП и ДОМ, Валентин Ефтимовски.

Тој нагласи дека нивната програма нуди конкретни мерки за поддршка на претпријатијата со ваучери од 200.000 денари за набавка на алати и опрема, развивање на селски стопанства до 200.000 денари за туристички цели, формирање фармерски зони.

-Организираме ИТ саеми и привлекување на ИТ номади, градиме нов дом за стари лица како јавно приватно партнерство, ја докомплетираме инфраструктурата во економската зона Речица, правиме обуки и преобуки за профили потребни за пазарот на труд, организираме саем на чевли, ги поддржувамем занаетчиите со 60.000 денари и поддршка за занаетчиските еснафи на кои ќе им овозможиме своите производи да ги продаваат во занаетчискиот дом-нагласи тој.

Ефтимовски посочи дека тој како носител на советничката листа на движењето Одлучно за промени, ќе се залага овие мерки да бидат спроведени во Куманово.

Коментари

коментар(и)