ВИДЕО: Во браните доволно вода за до летниот период
На браните Глажња и Липково во моментов има околу 14 милиони метри кубни вода, кои би требало да бидат доволни за идниот период, за снабднување на вода за Куманово, информираат од Водостопанство „Кумановско липковско поле“. За надводнување за земјоделците велат ќе биде незвесно до почетокот на сезоната до 15-ти април. За да би се задоволила целосната потрошувачка велат неопходни се уште 4 до 4 ипол милиони метри кубни вода.
Водостопанство од 31-ви јануари го исклучи и „бај пасот“ кон Водовод. Надлежните информираат дека преку истиот се троши голема количина вода, иако Водовод Куманово користи само 150.000 метри кубни од тој цевковод, но појаснуваат истиот мора да биде полн за да може да стигне водата под притисок до филтер станицата.